понеделник, 26 јануари, 2026 година

Новиот Audi A3 пристигнува следната година

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Германскиот производител Audi интензивно работи на развојот и лансирањето на новата, четврта генерација од компактниог модел од C сегментот, Audi A3. Новата генерaција, според најавите ќе се појави во текот на следната година со што конечно ќе се замени постоечката генерација која датира уште од 2012 година.

Екстериерниот дизајн на новата генерација ќе биде согласно дизајнот на последните модели на Audi прикажани оваа година. Иако не треба да се очекува радикални надворешни промени, сепак новата генерација значително ќе биде попривлечна и модернизирана со што ќе може без проблеми да се носи со конкуренцијата.

- Advertisement -

Во внатрешноста, овој модел доаѓа со најновата дигитална инструментална табла Virtual Cockpit, во комбинација со централно поставен инфотајнмент екран. Тука се и бројните безбедносни системи како што е системот за одржување на коловозната лента, прилагодлив темпомат со stop&go функција, Traffic Jam Assist, асистенција при паркирање и слично.

Audi A3

Новата А3 ќе биде достапна во хечбек со пет врати и седан изведба, а во текот на 2020 или 2021 година се очекува да се појави и S3 и RS3 изведбата.

Досега германскиот производител лансираше три генерации од овој модел. Првата генерација беше лансирана во 1966 година, а актуелната трета генерација е лансирана во 2012 година. Минатата година Audi претстави фејслифт од овој хечбек.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја