Верувате ли во ова: Од Скопје до Охрид по современ автопат – без патарини?

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Целосното автопатско поврзување на Скопје со Охрид треба да донесе побрзо и побезбедно патување, а една од најважните информации за возачите е дека на новиот правец нема да има патарини. Од Скопје до Охрид во иднина ќе се патува по современ автопат, без патарини долж новоизградениот правец. Со завршувањето на сите делници од Коридорот 8, главниот туристички центар во земјата треба да добие целосна и директна автопатска врска со главниот град.

🚗 Читај 24AUTO.MK и на Viber!
Автомобилски вести директно на твојот мобилен.
📲 Viber групата на семејството на 24AUTO.MK.  и биди во тек!

- Advertisement -

За возачите, покрај пократкото време на патување и поголемата безбедност, особено значајна е информацијата дека на трасата нема да бидат изградени патарини. Отсуството на патарини ќе значи дека возачите нема дополнително да запираат и да чекаат на наплатни станици. Тоа треба да овозможи поголема проточност на сообраќајот, особено во летните месеци и за време на празниците, кога значително се зголемува бројот на возила кон Охрид и Струга.

Колоните пред патарините во периодите со засилен сообраќај често го продолжуваат времетраењето на патувањето. Со новото решение, возилата треба да се движат непрекинато по автопатската траса. Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, истакна дека по две и пол години интензивна работа на терен, конечниот цел систем се заокружува за брзо време.

„Денес не зборуваме за планови, зборуваме за почеток на изградба на автопат од Кичево до Букојчани, во должина од 11,5 километри. Ова е дел од Коридорот 8, од Деве Баир до Ќафасан. Интензивно работиме веќе 2 и пол години и во 2027 ќе го пуштиме автопатот Кичево – Охрид. Интензивно работиме и на автопатот од Тетово преку Гостивар до Букојчани. Денес почнуваме да го градиме делот што недостасува, а кој ќе ги поврзе овие два автопати. Со тоа ќе добиеме непрекинат автопат од Скопје преку Тетово, Гостивар, Кичево до Охрид. Тоа ќе биде современ автопат на кој нема да има патарини. Се надеваме дека од Скопје до Охрид ќе патуваме за помалку од 1 и пол час“, истакна Трајановски.

За Скопје и Охрид да бидат целосно поврзани со автопат, треба да се комплетираат неколку важни делници на Коридорот 8. Покрај постојниот автопат Скопје – Тетово, се работи на правците Тетово – Гостивар и Гостивар – Букојчани. Планирана е и изградбата на делницата Букојчани – Кичево, долга околу 12,5 километри, која треба да ја затвори една од најважните преостанати празнини на трасата.

Истовремено, продолжуваат работите на автопатот Кичево – Охрид, долг околу 57 километри. Дел од него веќе се користи, додека на преостанатите делови се изведуваат градежни и сложени инженерски зафати.

Автопатот Кичево – Охрид е еден од најголемите инфраструктурни проекти во земјата. Неговата изградба беше проследена со проблеми со косините, свлечишта, промени во проектната документација и повеќекратно продолжување на роковите.

На најсложените делови се изведуваат галерии и дополнителни зафати за стабилизација на земјиштето. Според последните официјални најави, целосното завршување на оваа делница е предвидено во првиот квартал од 2027 година. Рокот за изградба на автопатите Тетово – Гостивар и Гостивар – Букојчани е 2029 година. Комплетирањето на сите проекти треба да создаде непрекината автопатска врска меѓу Скопје, Гостивар, Кичево и Охрид.

Целосната автопатска врска треба да го намали времето потребно за патување и да ја зголеми безбедноста на една од најфреквентните траси во земјата. Новиот пат е важен и за развојот на туризмот, полесното движење на граѓаните и транспортното поврзување со Струга и со Албанија. Посебно олеснување за возачите треба да биде тоа што на новиот правец нема да има патарини.

Само, дали навистина ќе нема патарини?

🚗 Читај 24AUTO.MK и на Viber!
Автомобилски вести директно на твојот мобилен.
📲 Viber групата на семејството на 24AUTO.MK.  и биди во тек!

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја