Стари тркала стануваат нови мотори – Toyota отвори јаглеродно неутрална фабрика

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Фабриката во Дисајд стана првиот производствен погон на Toyota надвор од Јапонија што работи според рамката за јаглеродно неутрално производство. Локален отпад се претвора во биометан, а алуминиумот од стари тркала повторно се користи во моторите.

Toyota започна јаглеродно неутрално производство во фабриката за мотори во Дисајд, Северен Велс. Тоа е првиот производствен погон на компанијата надвор од Јапонија што преминува на ваков начин на работа.

- Advertisement -

Последниот чекор бил направен со активирањето на анаеробен дигестор во близина на фабриката. Станува збор за постројка во која бактерии го разградуваат локалниот органски отпад и произведуваат биометан и електрична енергија. Биометанот преку подземни цевки се доставува до фабриката и го заменува природниот гас во дел од производствените процеси. Toyota проценува дека на овој начин годишно ќе се избегнуваат речиси 3.000 тони емисии на CO2.

Постројката за отпад и енергија е приватна инвестиција вредна 329 милиони евра, односно 282 милиони фунти. Таа има капацитет да обработува околу 180.000 тони отпад годишно од поширокото подрачје на Дисајд.

Фабриката користи и електрична енергија од обновливи извори, а отпадот што се испраќал на депонија е елиминиран. Со ова Toyota сака а покаже дека намалувањето на емисиите во автомобилската индустрија не зависи само од погонскиот систем на возилото, туку и од начинот на кој се произведуваат моторите и останатите компоненти.

Особено интересен е процесот за повторна употреба на алуминиум. Материјалот од алуминиумски тркала на возила што стигнале до крајот на работниот век се преработува и се користи во производството на нови моторни блокови.

Со тоа Toyota се обидува да затвори дел од производствениот круг – материјалот од стар автомобил повторно станува дел од нов погонски систем, наместо да се користи исклучиво нов алуминиум.

Фабриката во Дисајд е европски центар за производство на 1,8-литарските хибридни и бензински мотори што се користат во Toyota Corolla и Toyota C-HR. Од почетокот на производството во 1992 година, во погонот се изработени повеќе од шест милиони мотори за фабриките на Toyota во Европа и другите делови од светот.

Дисајд воедно беше и првата фабрика на Toyota надвор од Јапонија што започна да произведува мотори за хибридни системи. Сега добива уште една улога во европската стратегија на компанијата.

Toyota има цел сите нејзини европски производствени погони да достигнат јаглеродно неутрално производство до 2030 година. Пошироката цел е целокупното работење на компанијата во Европа да стане јаглеродно неутрално до 2040 година.

Сепак, статусот на фабриката ќе продолжи да се проверува преку годишните извештаи за емисиите. Целосната акредитација според стандардот ISO 14068 треба да биде завршена по цел производствен циклус од 12 месеци во 2027 година.

 

🚗 Читај 24AUTO.MK и на Viber!
Автомобилски вести директно на твојот мобилен.
📲 Viber групата на семејството на 24AUTO.MK.  и биди во тек!

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја