Mercedes-AMG ја редефинира иднината на спортските автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Според многу љубители на автомобили, емоциите што ги нудат класичните спортски модели со бензински мотори не можат да се пренесат во електричниот свет. Но, Mercedes-AMG реши да го оспори ова гледиште.

Во последното интервју како CEO на AMG, Михаел Шибе откри детали за новата стратегија:

- Advertisement -
  • Инженерите кои работеа на големите бензински мотори сега развиваат AMG електрични спортски автомобили.

  • За да се зачува препознатливото искуство, AMG ангажира експерти од музичката индустрија кои ќе создаваат реплика на V8 звукот.

  • Ќе има и симулирани промени на брзини, со цел да се пренесе механичкото чувство што го бараат љубителите на возењето.

Шибе вели дека целта е „да се создаде најдобриот електричен V8 на пазарот“ – автомобил кој, иако електричен, ќе понуди силна емоционална врска меѓу возачот и машината.

Mercedes-AMG не планира целосно да се откаже од традицијата. Во развој е нова генерација на V8 мотор, кој ќе ја задоволи Euro 7 нормата и ќе нуди уште поголема ефикасност. Овој мотор треба да пристигне во 2027 година и ќе биде достапен на пазарите надвор од Европа и по 2035 година, кога стапува на сила забраната за нови бензинци во ЕУ.

Иако C 63 веќе премина на четирицилиндричен plug-in хибрид, AMG со оваа стратегија сака да ја задржи довербата на лојалните фанови.

Во исто време, AMG GT XX Concept и други електрични AMG модели го покажуваат насоката кон која се движи брендот. Електричните спортски автомобили ќе привлечат нова генерација купувачи, додека V8 и шестцилиндричните мотори ќе останат за љубителите на класичниот звук и перформанси.

Оваа стратегија не е изолиран случај. И другите премиум марки како BMW M и Audi Sport се насочуваат кон хибридни и електрични решенија поради строги регулативи и даночни политики. Пример: во Ирска, даноците го прават BMW M3 поскап за 10.000 евра од M5, бидејќи нема електрифицирана погонска единица.

Со ваквата двојна стратегија, Mercedes-AMG се обидува да понуди „најдоброто од двата света“ – возбудливи електрични спортски автомобили и модернизирани бензинци за пазарите каде уште има простор за нив. За ентузијастите, ова значи едно: емоциите во возењето нема да исчезнат, само ќе добијат нови форми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја