Една Lancia од 80-тите вреди колку две нови возила од Porsche

ОБЈАВЕНО НА:

Доколку имате половина милион долари тогаш можете да си порачате две чисто нови Porsche 911 и да ја разубавите вашата гаража. Сепак, доколку сте љубител на класични возила односно возила од минатото тогаш за истата сума можете да добиете само една кола и тоа од 80-тите години на 20 век.

Се работи за култната Lancia Delta S4 Stradale, а една таква е зачувана во Франција и досега има поминато само 784 километри. Колата е во одлична состојба и речиси идентична како при нејзиното создавање.

Од овој модел во 80-тите години на минатиот век биле произведени само 200 примероци, а до денес успеале да преживеат многу малку. Од нив уште помалку се останати од Delta S4 Stradale, па оттаму и високата цена.

Доколку некој ја сака оваа кола мора да плати 500.000 долари, а ќе добие возило со четирицилиндричен мотор од 1,8 литри кој е снабден со турбокомпресор. Има моќност од 250 коњски сили, а од 0 до 100 километри на час развива за шест секунди.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK