На претстојниот Саем за автомобили во Минхен 2025, Mercedes-Benz официјално потврди четири нови модели, кои целосно го одразуваат преминот кон електрификација.
Главната ѕвезда ќе биде новиот Mercedes GLC, кој за првпат ќе се појави пред јавноста, придружен од три сосема различни, но подеднакво значајни премиери: CLA Shooting Brake, екстремниот AMG GT XX hypercar, и футуристичкиот концепт Mercedes VLE, насочен кон комерцијалниот транспорт.
Заедничкиот именител на сите премиери е електричниот погон, без исклучок:
GLC 2025 ќе биде целосно електричен, дел од линијата EQ Technology и ќе ги напушти сите мотори со внатрешно согорување. Визуелно, ќе носи свеж дизајн инспириран од CLA седанот, но нема целосно да го следи EQ стилот.
CLA Shooting Brake, новата карван верзија на компактен Mercedes, ќе биде достапна како 100% електричен модел, но и како mild-hybrid, со нов 1.5-литарски бензински мотор и електрификација.
Mercedes-AMG GT XX hypercar ќе биде ултраперформансен модел со над 1.360 коњски сили, создаден за тркачки патеки и екстремен дизајн, инспириран од аеродинамика.
Mercedes VLE е електричен концепт за идните комби возила. Веќе го има извозено патот Штутгарт – Рим со само две паузи за полнење, што е демонстрација на реална употребливост. Ќе биде базиран на van.EA платформа, која ќе се користи за повеќе идни модели на брендот.
На саемот во Минхен, посетителите ќе можат да ги тестираат 30 електрифицирани модели на Mercedes, меѓу кои и:
CLA со DRIVE ASSIST PRO – напредна полуавтономна технологија.
EQS и S-Class со DRIVE PILOT – ниво 3 на автономно возење, што овозможува ракување без интервенција до 95 km/h (достапно само во Германија).
Овие тест-возења ќе се одвиваат на релацијата од саемскиот простор до Mercedes-Benz павилјонот во Apothekenhof, каде што ќе бидат изложени сите новитети.
Со силен фокус на дизајн, иновации и одржливост, Mercedes јасно сигнализира дека иднината на мобилноста е електрична – без разлика дали станува збор за градски модели, карвани, суперспортски автомобили или комбиња.
Минхен 2025 ќе биде сцената каде што Mercedes не само што ги претставува новите модели, туку ја демонстрира и својата визија за иднината на возењето.









