четврток, 26 март, 2026 година

Porsche се враќа кон бензинот и ја одложува електрификација

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Германскиот производител Porsche значително ја ревидира својата стратегија за електрификација, отстапувајќи од претходно најавените амбициозни планови. Според информациите на реномираното списание Automobilwoche, кои се повикуваат на извори од компанијата, електричните изведби на спортските модели 718 Boxster и Cayman се одложуваат најмалку до 2027 година. Уште поголемо доцнење се однесува на електричниот SUV со три реда седишта – моделот K1 – кој, според новите планови, нема да биде лансиран пред крајот на оваа деценија.

Причина за овие измени се новите регулативи на Европската Унија, особено поврзани со сајбер-безбедност. Поради нив, Porsche мораше да го прекине производството на бензинските верзии од моделот 718 во 2024 година, оставајќи празнина на европскиот пазар што, според новите проценки, ќе остане незаполнета најмалку две години. Овој вакуум ја принуди компанијата да го одложи и преминот кон електрични наследници на овие модели.

- Advertisement -

Во согласност со новата насока, Porsche привремено го запира и проширувањето на својата батериска дивизија Cellforce Group, која требаше да стане главен снабдувач на батерии од новата генерација за спортските електрични модели. Сега се разгледуваат алтернативни опции – вклучително и враќање на бензинските мотори или развој на лесни хибридни погони. Неизвесна останува и судбината на проектите за цврстотелесни батерии, кои се сметаа за технологија на иднината.

Посебно интересно е што моделот K1, кој претходно беше најавуван како електричен флагман со спортска динамика и семејна практичност, сега би можел да добие и хибридна, па дури и бензинска изведба – што е значајно отстапување од првичниот концепт.

Сепак, Porsche не се откажува целосно од електрификацијата. Новата хибридна платформа V4Drive веќе се применува во дел од моделите, како што е Porsche 911 GTS, а се очекува и идниот GT2 RS да биде хибриден. Целосно електричната верзија на моделот 911, пак, најверојатно нема да пристигне пред 2030 година.

Со тоа, веќе објавената цел – 80% од продадените возила до крајот на 2030 година да бидат електрични – изгледа сè понеостварлива. Наместо тоа, Porsche избира попрагматичен пристап, прилагодувајќи се на техничките предизвици, регулативите и промените во побарувачката. На тој начин, брендот покажува дека сака да го зачува своето наследство, без слепо следење на трендовите.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја