Електричните возила им помагаат на жртвите од катастрофи

ОБЈАВЕНО НА:

Со оглед на тоа што земјата се очекува да ја погоди летната бура во наредните месеци, ЕВ (електричните возила) со функција на полнење од возилло на надворешен корисник (дом, институција, болница..) добро се користат...

Многу нови електрични возила на пазарот денес имаат систем наречен V2L (vehicle-to-load). Ова значи дека е можно да се користи енергија од високонапонската батерија која вообичаено ги напојува моторите на возилото, на електрични алати или апарати за домаќинство.

Сите целосно електрични возила на General Motors се опремени со V2L карактеристика, како и моделите од Hyundai, Kia и Ford. Дел од оваа група е и контроверзниот Tesla Cybertruck. Ова е многу корисна карактеристика, особено кога електричната мрежа се гаси и вашиот фрижидер е без струја со денови или немате начин да готвите топол оброк.

Една австралиска компанија создаде група волонтери кои можат да користат ЕВ опремени со технологија V2L за да им помогнат на луѓето на кои им е потребна за време или по природен катастрофа. Експерименталната иницијатива беше покрената од Mycar, компанија која продава гуми, услуги за одржување и поправки на автомобили.

Откако ќе се пријават како волонтери во програмата The Mycar Chargers, одговорниот член ќе побара од сопствениците на ЕВ да го возат својот автомобил до областите каде што мрежата е прекината по природна катастрофа за напојување котлиња, микробранови, фрижидери, па дури и медицинска опрема. Волонтерите, исто така, ќе работат со локалните власти за да ги најдат најдобрите решенија за да им помогнат на погодените заедници, според CarExpert.

„Многу Австралијци би се чувствувале изолирани, исклучени и преоптоварени без пристап до електрична енергија“, вели клиничкиот психолог и експерт за однесување Џејми Блох. „Електричната енергија е она што не поврзува со заедницата и виталните ресурси кои ни помагаат да се чувствуваме безбедно и поврзани, обезбедувајќи чувство на нормалност“.

Со излезна моќност помеѓу 2 и 4 киловати, електричните возила со V2L функционалност можат да функционираат како огромни преносливи генератори. Со полна батерија, тие можат да напојуваат апарати со денови, пред самите возила да треба да се полнат, што може да биде клучно во време на очај.

Доброволната пробна програма ќе работи во Нов Јужен Велс, Викторија, Квинсленд и австралиската престолнина од ноември 2024 година до јануари 2025 година. Сопствениците на ЕВ кои возат автомобил опремен со V2L и го имаат потребниот адаптер за „извоз“ на енергија од главната батерија може да се регистрираат на веб-страницата на Mycar.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK