Audi E-Tron добива мотори од Унгарија

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Откако Audi објави дека од наредниот месец ќе започне да се примаат нарачки за E-Tron, полека во јавноста се појавуваат се повеќе и повеќе официјални информации поврзани со овој модел.

По веста дека овој модел ќе може да се резервира за само 1.000 долари, за тежината од 700 кг како и дометот од 400 км со електричниот погон, германскиот производител објави дека моторите за овој модел ќе пристигнат од аудиевата фабриката за мотори лоцирана во Унгарија.

- Advertisement -

Во повеќемилионската инвестиција, Ѓер прераснува важен центар во производството на електрични мотори чиј моментален капацитет на дневно ниво изнесува 400 мотори. Со најавените дополнителни вработувања, овој капацитет ќе се зголеми, а во насока на зголемувањето ќе биде и воведувањето на третата смена, пренесуваат од Audi.

Премиерата на e-tron моделот ќе се одржи на 17 септември на специјален настан организиран во Сан Франциско, а почетната цена во Германија ќе изнесува околу 80 илјади евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја