Шпанските медиуми се фокусирани на политичката криза во Каталонија, па од Seat, шпанскиот оддел на Volkswagen групацијата решија да го одложи објавувањето на името на својот нов SUV автомобил. Seat чие седиште е во Марторел, во Каталонија, планирал да го објави името на новиот СУВ по објавениот конкурсот и одбирањето на едно од петте потенцијални имиња.
Но, поради протестите во Каталонија имаше проблеми со дистрибуцијата на делови за фабриката, па беше прекинатото и производството на возила. Од Seat сега потврдуваат дека името на СУВ возилото ќе бид еобјавено подоцна.
Минатиот месец беа објавине петте потенцијални имиња на возилото: Alboran, Aranda, Avilia и Taracco
Seat исто така, го одложи објавувањето на договорот што го потпиша со шпанската индустриска асоцијација за иновации и дигитализација.