Возете Crossland X на плин

ОБЈАВЕНО НА:

Германците веќе фабрички ќе го нудат моделот Opel Crossland X со фабрички вграден уред за плин, и со просечна потрошувачка од 6,9 л/100 км. Сега со полн резервоар бензин и плус плин, автомобилот може да мине до 1.300 км.

Малиот кросовер е опремен со 1.2 литарски трицилиндерски мотор со моќност 60 kW (81 КС), во комбинација со пет степен менувач. Секое претекнување ќе биде авантура, но затоа пак потрошувачката во градот е 8.4, а надвор од него – 6,0 литри на 100 км (на бензин 6.8, 4.5 и 5.4 л/100 км., односно во градски услови, отворен пат и комбиниран циклус).

Плинскиот уред е нова електронска мулти-вентил инјекција, која според Opel троши помалку од обичниот мотор. Плинскиот резервоар е монтиран на местото на резервната гума и не завзема дополнителен простор од багажникот. Има оптички сензор кој многу попрецизно го мери преостанатото гориво. За да се подобри доверливоста, инженерите на Opel користеа потешки вентили и легла.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK