Во малите е иднината: Land Rover ќе нуди и трицилиндрични мотори

ОБЈАВЕНО НА:

Од 2019 година, во понудата на Land Rover ќе бидат вклучени и варијанти на мотор со 1,5-литарски бензински турбополнач. Првиот модел што ќе ја има новата енергетска единица ќе биде Range Rover Evoque. Секако, моделот нема да остане само со овој мотор бидејќи станува збор за хибриден агрегат, во кој освен трицилиндерски бензински мотор ќе има и електричен. Меѓу новитетите е уште и литиум јонскиот акумулатор и 48 волтен електричен систем.

Моќта на новиот мотор сè уште не е објавен. Се проценува дека електромоторите поголемиот дел од времето ќе работи како електростартери, а само на струја хибридниот Evoque ќе може да помине само неколку километри.

Во моментов, постои само една хибридна верзија на брендот, и работи заедно со турбодизелски агрегат. Во иднина оваа комбинација ќе биде напуштена и новите хибириди ќе користат само бензински мотори, бидејќи за нив е потребно помалку напор и средства за намалување на нивото на издувните вредности.

Jaguar Land Rover неодамна вети дека од 2020 па наваму, нема да има модел во својот опсег без електрифицирана верзија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK