Dacia потврди: Подготвен е новиот Daster (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Романскиот бренд Dacia е во целосна сопственост на Renault, и под француско водство се постигнати најголемите успеси. Сега на ред е појавувањето на новата генерација на Duster што е најавена за саемот во Франкфурт за две неделеи.

Како најава за тој настан од Dacia објавија кратко видео од каде се гледа изгледот на новиот СУВ модел, каде не е камуфлиран. И сетоа тоа доаѓа со објаснување во неколку зборови:
Што ли Duster сега замислил? Подгответе се за полетување! Откријте повеќе на саемот на автомобили во Франкфурт.

Во текот на годинава неколкупати Duster беше „фатен“ од папарацо фотографите, но тогаш постојано беше камуфлиран и не можеше многу да се види неговиот вистински изгледа и некои детали. Само се зборуваше дека користи адаптирана CMF платформа што ја користат и Nissan Qashqai и Renault Kadjar, или само доработена верзија на сегашната шасија.

https://www.facebook.com/Dacia/videos/10155742275169743/

Се очекува задржување на веќе постоечкиот погонски систем, но производителот исто така би требало да го зголеми изборот и да има уште едненов мотор: 1.6 литарски dCi дизелски агрегат што веќе го има во некои модели на Renault и тоа неколку години.

Имаше најави дека новиот Duster можеби ќе понуди и верзија со седум седишта, но оние што тоа го очекуваа ќе останат разочарани. Тоа засега не е во план.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK