И трактори одат на аукција – ако се Lamborghini!

ОБЈАВЕНО НА:

Спомнувањето на Lamborghini секогаш асоцира на спортски автомобил, а кога тие се на аукција тогаш цените се во стотици илјади евра, па и милионски суми. Но, овојпат на аукција ќе има нешто друго, а сепак ќе биде со знакот на Lamborghini. Сите ја знаат приказната дека Феручио Ламборгини прво произведувал трактори по што се префрлил на автомобили.

И пред да биде главен ривал на Енцо Ферари, Ламборгини бил еден од најголемите производители на земјоделски машини, и произведувале трактори, како што е и моделот 1R кој ќе биде на аукција.

Интересно е што очекуваната цена што би требало да ја постигне овој трактор е меѓу 19.000 и 25.000 евра. Настанот треба да се одржи на 2 септември. Организаторите симпатично ги „набуцка“ потенцијалните купувачи велејќи им „да најдат сличен ттрактор што е така добро сочуван“.

Тракторот датира од 1966 година и има два цилиндра, атмосферски мотор, и постигнува 32 КС и 1.500 вртежи во минута. Има и 4 степен менувач.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK