Русите не се откажуваат од наследник на со години популарната Lada Niva. Наскоро е можно новиот руски ѕвер да биде подготвен за ново владеење во СУВ сегментот. Неодамна имало состанок меѓу Гувернерот на областа Самара и менаџментот на GM-AUTOVAZ. Целта била да се добијат државни гаранции за кредит за почеток на сериско производство на нов СУВ модел.
Проектот Chevrolet Niva-2 е во завршна фаза од развојот, но потребна е државна помош за да влезе истиот во производство. Трошоците на целиот проект е намален на 4.3 милијарди рубљи, а она што ги интересира гувернерите е цената на возилото ког аби се продавало.
Според GM-AUTOVAZ цената на новиот СУВ би била околу 11.000 евра. Тоа е повеќе од првата Chevrolet Niva, но сега цената е поголема бидејќи станува збор за целосно нов автомобил. Целта на новата Niva е да биде лидер во СУВ сегментот во Русија, и тоа за околу пет години.