Сакајќи да ја праша публиката за мислење околу името на новиот СУВ со седум седишта, до Seat стигнаа предлози за имиња од 133.332 луѓе од 106 земји. Од тоа 10.130 се различни имиња на шпански места, што беше критериум за новото име на моделот.
Завршена е првата фаза и сега Seat влегува во фаза на селекција, каде ќе учествуваат експерти од бренд и надворешни агенции, па и купувачи од различни земји кои треба да решат новото име да не биде погрешко преведено на некој јазик, и истото да не значи нешто некултурно или безобразно.
Seat ќе ги објави финалните кандидати за името на саемот во Франкфурт, а публиката ќе може да гласа во периодот од 12 до 25 септември. Победникот, односно кумот на името на новиот СУВ на Seat ќе биде објавен на 15 октомври.