DS еднаш годишно ќе промовира нов модел

ОБЈАВЕНО НА:

Премиум брендот на PSA, сака да биде играч на пазарот, но за да стигне до тоа ниво потребно е да има и поголема понуда на модели. Затоа DS во иднина секоја година ќе претставува по едне нов модел. Таков е планов во компанијата.

И не само што ќе биде нов модел, туку купувачите ќе може да избираат и хибридна, па можеби и електрична верзија. До 2025 година се очекува продажбата на DS моделите со хибридна и електрична технологија да сочинуваат најмалку една третина од вкупниот број на возила што ќе се продаваат.

Прв во серијата на нови модели ќе биде хибридниот модел DS7 Crossback E-tense чиј хибдриден погон треба да има 305 КС, а ќе се понуди и електрична автономија од околу 60 км. Возилото треба да се појави на пазарот до 2019 година.

Овој PHEV погонски агрегат ќе ја сочинува комбинацијата на 1.6 литарски бензински THP мотор со сила од 200 кС и два електрични мотори, по еден на секоја осовина со вкупна сила од 110 КС.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK