Додека не станат глобален бренд: Во Peugeot засега не планираат спортски тркач

ОБЈАВЕНО НА:

Доколку ги очекувате моделите 308 R Hybrid или замена за RCZ, тогаш има лоши вести што доаѓаат од Peugeot каде овие проекти се ставени на тенок мраз. Извршниот директор на компанијата, Жан Филип Импарато зборувајќи за Autocar изјавил дека нивната цел е да станат глобален бренд, а дотогаш не се планира спортски тркач во понудата.

Планот на Peugeot е да произведуваат над 2 милиони возила годишно, но истовремено половина од нив да се продаваат надвор од Европа. Сѐ дотоаш првично интересно за Peugeot e да продаваат возила што ќе се бараат повеќе, во илјадници, отколку да се произведуваат оние што се продаваат само во мал број.

Затоа како дел од планот на Peugeot е влегување во сегментот на пик ап возила, за да може да бидат конкурентни и интересни и на други пазари. Компанијата има амбиција да стане глобален бренд и можно е да се врати на пазарите во Африка и Северна Америка, за помалку од пет години. Во план е и моделот 508 што се развива и би требало в година да се појави на пазарот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK