Со Google Maps сега е невозможно да се изгубите.

ОБЈАВЕНО НА:

Апликацијата откако ќе го исцрта патот по кој треба да се движите, со гласовни команди ќе ве упати и каде да свртите и како да продолжите да се движите, а при тоа со Street View можете да ги разгледате и улиците.
Ништо не е препуштено на случајноста. Останува само да ја активирате апликацијата, а за оние на кои им е потребна помош – прочитајте како се користи.

Прво одлучете се дали ќе патувате на Wi-Fi или ќе користите мобилен интернет.
Потоа, симнете ги картите за регионот каде ќе патувате и може да тргнете.

Ако користите мобилен интернет, апликацијата континуирано гласовно ќе ве наведува, а на мапата може да ја следите навигацијата, а со Street View можете да видите точно во која улица вртите или каде да се исклучите на кружниот ток. Односно, оддеднаш има гласовна, графичка и сликовита навигација.

Ако кликнете на мапата на местото каде се наоѓате, со Street View опцијата, имате слика од 360 степени од местото каде сте и можеѕе дополнително да го истражите местото кон кое се движите. Оваа опција не се појавува кога сте на Wi-Fi.

Ако сакате да заштедите на сметката за мобилен Интернет, во сетинзи префрлете се на опцијата Wi-Fi. Апликацијата ќе ја користи секоја можност да се прикачи на Wi-Fi додека патувата и со овој начин на работа, таа го меморизира однапред патот по кој се движите и може да ве наведува и офлајн.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK