Пред 20.000 гледачи: Картинг, формула, фиќо….Сѐ на едно место (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

По седум години пауза Скопје повторно виде авто трки на кружна патека, онаа добро познат апред МТВ и Скопски Саем. Адреналинот беше покачен кај сите, оние што толку време чекаа за да возат и оние што немаа трпение да видат акција на дело, престигнувања, туркања и да го слушнат препознатливиот звук на брмчење на моторот.

Билети не се продаваа, но ако треба да се даде оценка колку имаше крај патеката тогаш бројката е сигурно околу 20.000. Мора да се пофалат гледачите за своето однесување, немаше претрчувања, ниту пак проблеми. Сите сакаа да ги видат возилата, и да се радуваат на трките.

- Advertisement -

Организаторите приредија и малку изненадување на гледачите крај патеката. Пред официјалниот почеток на натпреварите од четири дивизии, по неколку кругови извозеа и гостите:
Прво, Петар Богатиновски (8 години) го провозе својот картинг. Прво појавување пред македонската публика имаше 8 годишниот Петар Богатиновски кој „жари и пали“ во картинг првенството на Србија, со 23 победи од 24 трки. Потоа имавме гостин од Косово со болид на Формула, а на трката во во дивизија 4 беше и гостинот од Србија Саво Јаничевиќ со Zastava 750.

Трката во последната 4 дивизија беше прекината предвреме поради излетувањето на Урош Бркиќ, при што две лица беа повредени меѓу кои и претседателот на Примо авј, Александар Димушевски. Лицата беа пренесени во болница и се надвор од животна опасност.

Резултати од денешната кружна трка Скопје круг 2017:
Дивизија I:
Дивизија II:
Дивизија III:
Дивизија IV (до моментот на прекин):

 

Фото: Орце Поповски

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја