Грижа за околината: BMW ќе инсталира 100 станици за полење струја во национални паркови

ОБЈАВЕНО НА:

Секој автомобилски производител сака да покаже дека е општествено одговорна компанија која се грижи за животната средина, и тоа на најразлични начини. Ова што сега сите размислуваат, работат и нудат електрични возила е само дел од таа стратегија. BMW својата одговорност ја покажа со тоа што ќе инсталира 100 станици за полнење на струја за возилата и тоа сместени во национални паркови.

Добро, тие национални паркови се во САД, но поважна е желбата да им се овозможи на луѓето да доаѓаат во овие паркови со своите електрични возила, а оние со конвенционални мотори да ги заборават.

Во соопштението објавено во средата се вели дека полначите што ќе бидат поставени ќе бидат според стандардите во САД и компатибилни со сите возила што се на тој пазар, а не само за моделите на Германците, како што е i3.

Местата ќе бидат одредени според повеќе фактори како што се досегот на движење и барањата на возачите. Првите полначи се поставени во Томас Едисон Националниот историски парк.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK