недела, 25 декември, 2025 година

Италијаните се заканија со тужба: Со Ferrari не може да се прави што се сака

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Модификацијата на автомобилот според желбите на сопственикот понекогаш може да наиде на силно незадоволство кај автопроизводителот, чиј бренд го краси возилото. А, понекогаш може да води и до закани за тужба, како во случајот со промената на изгледот на лимузината на Ferrari, 360 Modena.

Автопроизводител Ferrari се изјасни дека сопственикот на 6 метри долгата лимузина, Ден Коули, 36 години, од Манчестер има 14 дена да ги отстрани сите ознаки со црното коњче, како и името Ferrari и симболите за „360 Modena“ од неговото возило. Во спротивно автопроизводителот ќе превземе правни мерки против британскиот сопственик на најбрзата лимузина во светот, модифицираната 360 Modena која може да достигне брзина до 267 км/час.

- Advertisement -

„Каков преседан се поставува кога сопственикот нема право да постапува со својот имот онака како што сака“, прашува Коули.

Според адвокатот на Ferrari, Коули возилото веќе не е Ferrari зашто сопственикот го пресекол на половина и додал рачно изработен дел од јаглеродни влакна долг 3 метри. Од тие причини сопственикот треба да ги отстрани сите ознаки и логоа или ќе се соочи со тужба за повреда на заштитената трговска марка Ferrari.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја