Volkswagen и Ford пред договор за соработка

ОБЈАВЕНО НА:

Се погласни се шпекулациите за воспоставување високо ниво на соработка помеѓу Volkswagen и Ford, особено на полето на производството на електричните автомобили.

Потврда на овие шпекулации даде и извршниот директор на Volkswagen, Хербер Диз кој за германските медиуми изјави дека разговорите помеѓу двете компании добро напредуваат и се во завршна фаза.

“Партнерството со Ford е од големо геостратешко значење за нашата компанија” изјави Диз пред менаџерите на компанијата. Со воспоставување на ова партнерство, компанијата од Волфсбург гледа како на одлична можност за зајакнување и напредување на бизнис активностите на американскиот пазар, а истовремено и зајакнување на капацитетите за производство на електрични автомобили.

Дали ќе се потпише договорот или ова ќе биде само уште едно неуспешно преговарање по примерот на FCA – Renault останува да видиме во наредниот период.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK