сабота, 25 ноември, 2025 година

McLaren потпиша договор со 13 годишник!

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Британската екипа McLaren потпиша договор со 13 годишниот Уго Угочукву, пренесува CNN. Се работи за тинејџер од Соединетите Американски Држави кои е доста талентиран и голема надеж на авто-мото спортот.

Досега, Уго освоил неколку титули во повеќе категории во картинг шампионатите во Северна Америка и Европа, а најголем успех му е освоеното прво место на Европското првенство во картинг кое се одржа минатата година.

- Advertisement -

“Ќе му овозможиме на Уго се што е потребно за да може да го развие целиот свој потенцијал” изјави Зек Браун, извршниот директор на McLaren. Според договорот McLaren во наредните години во целост ќе вложува во неговиот развој во екипата, но и во едукацијата и останатиот дел од неговото секојдневие.

Младиот Американец изјави дека му е чест што станал дел од оваа екипа која е институција во Формула 1. “Тоа што ќе ги имам на својата страна на и надвор од патеката ќе ми помогне многу во иднината” додаде тој.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја