недела, 25 ноември, 2025 година

Коронавирусот гo намали бројот на сообраќајните незгоди

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Пандемијата на коронавирусот имала позитивно влијание врз сообраќајот минатата година, покажува истражувањето спроведено од страна на INRIX. Според истото, пандемијата најмногу позитивно влијание имало врз намалувањето на сообраќајните незгоди.

Во САД, бројот на сообраќајни незгоди во 2020 година во однос на претходната, 2019 година се намали за 30%. Намалување има и во Велика Британија каде сообраќајните незгоди се намалиле за 21%. За исто толку се намалиле и во Канада. Во Германија пак, бројот на сообраќајни незгоди се намали за 11%, а во Шпанија за огромни 41%.

- Advertisement -

И покрај значителното намалување на сообраќајните незгоди, сепак минатата година загинале повеќе лица во сообраќајните незгоди. “Иако сообраќајот се намали поради глобалната пандемија, брзината на движење на возилата значително се зголеми што играше важна улога во зголемувањето на смртни случаи низ светот” стои во истражувањето.

Најголемо намалување било забележано во Портланд (САД) и во Лидс (Велика Британија) од -66%.
Намалување на 60% е забележано и во Шефилд (Велика Британија), Манчестер (Велика Британија), Бирминген (Велика Британија), Валенсија (Шпанија), Билбао (Шпанија)…
Жителите на Рим возеле за 100 часа помалку во однос на 2019 година, на Лондон 80 часа, а на Париз 77 часа.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја