Тестираат гуми со беспилотни возила

ОБЈАВЕНО НА:

Системите за автономно управување обично се разгледуваат во контекст на удобноста и безбедноста, но во Continental најдоа поинаква примена за постигнување во таа област. Германскиот производител на автомобилски гуми користи беспилотни возила за да го тестира нивното производство.

На полигонот на компанијата во Јувалди, Тексас, веќе работи првиот автомобил за тестирање на гуми без возач. Целта е да се зголеми кредибилитетот на резултатите и да се намали човечкиот фактор на минимум.

При тестирањето на гуми, постојат многу високи барања на возачите на тест-возила. Дури и најмалото отклонување може да има сериозно влијание врз квалитетот и споредливоста на податоците. Автоматизацијата и стандардизацијата на експериментите со користење на беспилотни автомобили овозможуваат максимално точна репродукција на процеси и гарантира апсолутно еднакви услови во истражувањето.

Друг позитивен ефект од користењето на автомобили без возач е заштедата. Средствата можат да се спасат не само со ангажирање на високо квалификуван кадар, туку и од можноста тестовите да се вршат со часови бидејќи електрониката не се заморува.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK