понеделник, 25 декември, 2025 година

Со петметарска лимузина Kia атакува на премиум сегментот

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Компанијата Kia ги објави првите фотографии од премиум седанот К8, кој ќе биде првиот модел, кој ќе го добие новото лого на корејскиот бренд. Почетокот на продажбите на К8 е планиран за 2021 година. Кia К8 се одликува со нова „тигар“ решетка, како и со интересен заден дел.

Од компанијата од кореја одбележуваат дека К8 треба да го надградува успехот на својот претходник, К7 (нуден како Kia Cadenza за некои пазари) со акцент на првокласниот квалитет и динамичните карактеристики.

- Advertisement -

К8 станал подолг од својот претходник (5.015 мм) што според претствници на Kia направило можно силуетата на автомобилот да стане поспортска и подинамична. Линијата на трупот продолжува по целиот страничен дел, надополнувајќи го стилот на луксузна јахта, а хромираниот профил го истакнува долниот раб на застаклената површина на вратите и продолжува кон задните светла.

Под рамнината на спојлерот се наоѓаат задните светла, чии LЕD блокови се поврзани со хоризонтална линија. Под нив е новото лого на Kia и ознаката на моделот. Производителот на автомобили не ги откри техничките спецификции, но вети „одлична динамика и карактеристики на возење на високо ниво, како и првокласен ентериер“.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја