Еден од најпопуларните автомобили, Golf наполни 45 години. Се работи за најуспешниот автомобил според продажбата во Европа, Volkswagen Golf, кој се изработува во производствениот комплекс на брендот во Волфсбург.
Од Volkswagen информираат дека при лансирањето на автомобилот на европскиот пазар никој не можел да замисли колку ќе биде голем успехот на Golf, а до моментов се продадени повеќе од 35 милиони возила. Според проценките на брендот во компанијата секој ден добива барање за купување на некој модел на секоја 41 секунда, а годинешниот показател е на ниво од околу 780.000 единици.
„Golf е во срцето на нашиот бренд. Тој е симбол на прогресот и технологијата како никој друг автомобил. За седум генерации Golf допринесе за развојот на Volkswagen, како бренд и како група, до еден од најважните автомобилски производители во целиот свет“, вели Радл Брандштетер, кој е оперативен директор на VW.
Првите испораки на Volkswagen Golf почнале на 5 август во 1974 година, при што автомобилот се нудел во две верзии со две и со чтири врати. Со внатрешниот дизајн со пет седишта, модело доаѓа со капацитет о 300 литри и преклопувачки задни седишта. Достапни се 1,1-литарски четирицилиндрични мотори со 50 коњски сили и 1,5 литарски со 70 коњски сили. Потрошуачите можат да изберат меѓу четиристепен мануелен и тристепен автоматски менувач.
Низ своите седум генерации, Golf на големо влијаеше на брендот Volkswagen, но и на Volkswagen групацијата во цеелост. Севкупно, Golf носи голем дел од заслугите за развојот на Volkswagen во еден од најважните произведувачи на автомобили во светот. Вработените во 1974 година стоеле пред предизвикот како од производството на „Буба“ да се префрлат на производството на „Golf“.
Денес во фабриката во Волфсбург покрај класичниот Golf, се произведуваат и e-Golf, Golf GTE, Golf Sportsvan, како и уште три други модели.