Пајак почна да дига во Кавадарци: Еве го ценовникот за погрешно паркирање

ОБЈАВЕНО НА:

Од неодамна постои пајак служба и во Кавадарци каде ЈП Паркинг Кавадарци се справува со оние што не ги почитуваат сообраќајните правила и паркираат на недозволени места. Уште првиот ден подигнати биле шест возила. Покрај пајак служба наскоро во Кавадарци ќе профункционира и зонско паркирање.

Сега се отстрануваат непрописно паркирани и возила паркирани на тревни површини, тротоари, крстосници, како и на места предвидени за инвалидизирани лица, но и хаварисани возила кои подолго стојат паркирани.

Доколку возилото ви бид еподигнато од пајак службата истото се носи на плацот на Северен булевар, кај кавадаречката болница.

Цената за непрописно паркирање на возилото е 1.500 денари, а доколку сопственикот се појави во моментот кога возилото се подига тогаш ќе треба да плати 1.000 денари. Се разбира дополнително е за казната за непрописното паркирање.

Ако пак случајно во Скопје ви биде подигнато возилото со пајак службата тогаш цената што ќе треба да ја платите е повисока. Ценовникот е овој.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK