Peugeot се обединува со Fiat Chrysler?

ОБЈАВЕНО НА:

Семејството Пежо, кое е еден од трите најголеми акционери во Peugeot Société Anonyme (PSA) е подготвено да поддржи евентуално спојување со Fiat Chrysler Automobiles. Целта на ваквиот договор е присоединување на повеќе брендови кон протфолиото на компанијата. Како потенцијален партнет во идното обединување се споменува и Jaguar Land Rover.

Иницијативата на семејството Пежо произлегува од успехот, постигнат со купувањето на Opel од General Motors во 2016 година. Спојувањето со FCA ќе помогне за зацврстување на позициите на PSA во Северна Америка и тоа благодарение на брендовите Jeep и RAM, а се тоа во контекст на претстојното враќање на Peugeot во САД за да и обезбеди пристап на компанијата до големата мрежа од дилерски центри и сервиси.

Од Fiat Chrysler Automobiles исто така не се против партнерство со Французите, а тоа станува јасно од зборовите на главниот извршен директор на италијанско-американскиот концерн, Мајкл Манли.

Зад интересот кон спојување со Jaguar Land Rover стојат слични мотиви. Британскиот производител му припаѓа на индискиот гигант Tata и до скоро време се справуваше доста добро, но во последно време е во финансиски проблеми. Поради падот на продажбите во Кина и високите операциски расходи JLR забележа загуби во размер од 4 милијарди долари (3,53 милијарди евра) само во последните три месеци од 2018 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK