VW со најголема километража во светот (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Кога се бара податок околу тоа колку еден автомобил е сигурен, тогаш основен показател е изминатата километража. За да се вози еден автомобил милион километри, сепак, требаат и некои други работи. Главните се беспрекорно одржување и многу љубов.

Во продолжение ќе можете да видите две возила Volkswagen, кои се околу грандиозната граница од „милион“ километри. Практично првото возило е малку под оваа граница додека другото двапати ја има надминато.

Во светот, може да има возила од Volkswagen, кои имаат поминато и поголем број на километри, но овие две се официјално регистрирани.

Volkswagen Jetta, производство 1986 година. Километража: 904.450 км

Првиот учесник во овој уникатен рејтинг е откриен од компанијата Volkswagen во САД. Дизеловата Jetta има изминато 904.450 километри и тоа без да биде направн каков било ремонт на моторот. Сопственикот Сил Шмид е исклучително задоволен од автомобилот поради тоа што нема дефекти, но и поради потрошувачката. Според неговите зборови на 100 километри троши 4,7 литри.

Volkswagen Beetle, производство 1963 година. Километража: 2.320.744 км

Во 1993 година Гинис го призна Алберт Клајн од Пасадена во Калифонија за сопственик на возилото со најголема помината километража во светот. Возилото Volkswagen Beetle произведено во 1963 година има поминато 2.320.744 километри.

Подоцна овој рекорд е надминат од едно Volvo P1800.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK