недела, 25 декември, 2025 година

Гевгелија е мал град, ама полицијата успеа да „пише“ 60 казни за 1 час

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Засилените контроли на полицијата стигнаа и во Гевгелија каде денеска само за 1 час контролирање на сообраќајот беа санкционирани 60 учесници. И повторно најчестите казни за учесниците се управување на технички неисправно возило (нерегистрирано) или возење без возачка дозвола.

Според портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, за повеќе од еден месец откако се почнати засилените контроли изречени се над 20.000 санкции. Фатени и санкционирани се речиси 3.800 возачи кои управувале нерегистрирани возачи за два месеци, во септември и октомври. Сите се казнети и почната е соодветна прекршочна процедура за наплата на глоба.

- Advertisement -

Само на територијата на град Скопје вчера (сабота, 7 ноември) изречени се вкупно 268 мерки, меѓу кои 36 за возење без возачка дозвола, 28 санкции за нерегистрирани возила, 16 мерки за возење под дејство на алкохол, 12 за незастанување на затворен семафор (црвено светло), 21 мерка за некористење на сигурносен појас, а изречени се и 54 мерки за непрописно паркирани возила.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја