четврток, 25 декември, 2025 година

TOYOTA PROACE City – Создаден за вашиот бизнис

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Proace City на македонскиот пазар ќе се нуди во комерцијална (Van) и патничка (Verso) изведба. Создадено за сите видови на бизнис потреби, комерцијалната верзија на нашиот пазар доаѓа во понуда со две должини на товарниот простор –  L1 (кратка, 1.817mm)  и L2 (долга,2.167mm), па се до 3.400 mm должина за товарење за верзиите опремени со Smart Cargo опцијата. PROACE City Van има и одличен капацитет за товарење, со волумен од 3,3m3 до 4,3m3 со Smart Cargo опцијата.

Корисен факт за секој бизнис е тоа што товарната верзија има простор за 2 еуро палети, давајќи му единствена уникатна предност, покрај карактеристиката за најдобра носивост во класата до 1 тон.  И во комерцијалната и во патничката верзија, моторот нуди целосна покриеност на сегментот – доаѓа со 2 бензински и 3 дизелски мотори со моќност од 75 до 130 коњски сили, а освен што има најдобра потрошувачка во класата, има и најниска CO2 емисија. Статистички гледано ова возило има повисоки остаточни врености од конкурентите.

- Advertisement -

“Како најмало возило во рангот на комерцијални возила на TOYOTA покрај легендарниот Hilux и поголемиот Proace, главниот фокус кај ова возило се секако безбедноста на возачот, поврзаноста и лесниот начин на користење. TOYOTA нуди најдолга и најсеопфатна гаранција во сегментот и истата трае 6 години или 200.000 километри. За комплетирање на понудата нудиме и  финансиски лизинг, специјално креиран за нашите комерцијални возила, со 4,5% каматна стапка и учество од само 10%,“ изјави Ана Трајковска, Маркетинг менаџер во TOYOTA Авто Центар.

https://www.facebook.com/ToyotaMacedonia/videos/647689806143966/

Безбедноста при возењето е на високо ниво, со подобрени перформанси и практичност, притоа обезбедувајќи му комфор на возачот при брзото темпо на извршување на секојдневните бизнис обврски. Возилото е достапно во повеќе пакети на опрема, додека сервисниот интервал е еднаш во годината или на секои 20.000 километри.

Соопштение на Тојота Аутоцентар

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја