Во Бугарија нови BMW автомобили по цена од 15.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Не се откриваат само во гаражите и хангарите во САД, стари и доста возбудливи автомобили се откриваат и во напуштени магацини на Балканот.

Последната вест која ја обиколи планетата ја објави бугарскиот авто магазин АutoClub. Овој авто магазин објави сторија за пронаоѓање на напуштени BMW автомобили во магацин во бугарскиот град Благоевград.

Станува збор за 11 автомобили од германскиот производител, најголем дел од нив од моделот 520i, но и од 525i во седанска и караванска изведба. Овие автомобили биле купени во далечната 1994 година, во екот на приватизацијата во Бугарија, а нивната примарна намена била за рентање.

BMW E34

Сепак поради непознати причини овие автомобили воопшто не биле ставени во функција и биле гаражирани во магацин во периферијата на југозападниот бугарски град.

Неофицијално, бугарските медиуми пренесуваат дека овие автомобили ќе бидат ставени на продажба во наредните неколку месеци, а единечната цена ќе изнесува околу 15 илјади евра.

ФОТО: autoclub.bg

Следете не и на:

24AUTO NETWORK