Судот одби да го продолжи притворот на Гон

ОБЈАВЕНО НА:

Случајот со Карлос Гон еден месец по актуелизацијата се уште е актуелен. Последната информација доаѓа од Јапонија, а се однесува на притворот на Гон.

Во официјално соопштение, судот во јапонската престолнина Токио одби да го продолжи притворот на Карлос Гон за дополнителни 10 дена. Иако многу ретко се случува судот да одбие барање на јапонското обвинителство, сепак тоа се случи во случајот со Гон, пренесува АП.

Со оваа одлука Гон ќе може во рок од 24 часа да го напушти истражниот суд во Јапонија и да се брани од слобода. Сепак, големи се шансите Обвинителството да испрати барање за нов притвор доколку во истрагата која се уште е во тек открие дополнителни прекршувања на законт од страна на Гон.

Инаку Гон се терети за намерно објавување на лажни информации поврзани со неговите приходи во периодот од 2011 до 2016 година. По ова Nissan се одлучи да го разреши од функцијата претседател на управниот одбор додека Renault одби да го стори тоа.

Се очекува целосната разврзска на овој случај да се случи на почетокот на следната година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK