Музејот за модерна уметност во Њујорк (МоМА) е еден од највлијателните во светот, а тој го избра класик Fiat 500F како дел од изложбата „Вредности на добриот дизајн“, која почнува на 10 февруари и ќе трае до 27 мај во 2019 година. Изложбата се фокусира на предмети кои биле врвно дизајнирани, но и пристапни на широките маси.
Изборот на Fiat 500F не беше случајност бидејќи ова беше најпопуларниот модел од оригиналниот Nuova 500 во текот на 18 години производство од 1965 до 1972 година.
„Фиќо“ е икона на италијанскиот стил кој никогаш не излага од мода и кој во текот на децениите стекна голем број приврзаници низ целиот свет поради својата силна „личност“. Го дизајнираше Данте Џакоза на основа на прочуеното Тополино од 30-тите години на минатиот век, а во возилото долго само три и широко 1,3 метри со мотор од 500cc позади, успеа да обезбеди место за возач и тројца патници, како и за простор за багаж под хаубата.
Иако создаде автомобил кој ја мобилизираше Италија со речиси четири милиони продадени единици во периодот од 1957 до 1975 година, Џакоза жачеше што не бил поамбициозен во дизајнот. Разгледувал поставување на моторот во предниот дел од возилото со преден погон, нешто кое подоцна сер Алек Исигонис го направи конструирајќи го Mini.
Џакоза опиша дека го потресол успехот на Mini и покрај огромната популарност на неговиот дизајн во Италија. Со оглед на тоа дека MoMA го избрала Fiat 500, а не Mini како најдобар пример на едноставниот, ефикасниот и вечниот дизајн ова е доказ дека тоа возило е уште на голема цена.
Во оваа изложба на МоМА ќе бидат изложени прочуени предмети од индустрискиот дизајн преку електрински апарати, спортска опрема, играчки, па се до возила од 30-тите години на минатиот век до денес.