Nissan повлекува 150.000 автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонскиот производител Nissan објави дека ќе започне со отповикување на околу 150 илјади автомобили од Јапонија поради пропуст при тестирањето на истите.

Во соопштението што го објави во јапонските медиуми се наведува дека производителот открил неколку неправилности кои придонеле за погрешна оцена во процесот на инспeкција.

Подложни на повлекување ќе бидат околу 150 илјади автомобили произведени од ноември минатата до октомври оваа година, а се опфатени речиси сите модели на Nissan достапни на јапонскиот пазар.

Инаку во Јапонија постојат строги правила околу производството и продажбата на нови автомобили. Така, самите производители пред да го испорачаат новиот автомобил задолжително го тестираат односно подлежи на инспекција. Оттука Nissan и минатата година поради тоа што дел од инспекцискиот надзор го вршел персонал кој не бил соодветно обучен за тоа повлече речиси еден милион автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK