Топ 5 песни што смеете и кои не треба да ги слушате при возење (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Слушањето на музика за време на возењето секако дека делува за опуштање и попријатно управување со возилото особено ако заглавите во мешаница низ градот или доколку управувате на долга дестинација.

Сепак, дали некогаш сте си поставиле прашање околу тоа кои песни се најдобри да се слушаат за време на возењето. Дали сте во групата на оние кои сакаат да слушаат брза песна, можеби бавна или сте во групата на „не е важно каква е песната, важно нешто да свири“?

Истражувањето кое го направи компанијата од Велика Британија, Moneybarn открива дека најголемиот дел од омилените песни кои се сакаме да ги слушаме за време на возењето, сепак, влијат негативно на безбедноста. Генерално, музиката чие темпо е повисоко од 120 BPM (отчукувања во минута) имаат лошо влијание на возачот бидејќи го тераат да вози побрзо и на тој начин предизвикува повеќе сообраќајни несреќи.

„Ако почувствувате дека некоја песна од рдио ли од вашата листа премногу ви го одвлекува вниманието тогаш можеби би требало да ја смените“, вели претставник на Moneybarn.

Со анализа на 96 најпопуларни песни за возење од сервисот Spotify е утврдено дека најопасна песна за слушање при возење е “American Idiot” од бендот Green Day. Таа има најголемо енергетско ниво од сите песни (0,988) и темпо од 186 BPM.

Топ 5 опасни песни:

1.”American Idiot” – Green Day

2.”Party in the USA” – Majli Cyrus

3.”Mr. Brighside” – The Killers

4.”Don’t let me down” – The Chainsmokers

5 “Born to Run” – Brus Springstin

Помалку од 30 проценти од песните кои се нашле под истрага се прогласени за безбедни при возење. Најбезбедна е легендарнаа “Stairway to Heaven” од бендот Led Zeppelin (енергетска вредност 0,34 и темпо 82).

Топ 5 на безбедни песни:

1.”Stairway to Heaven” – Led Zeppelin

2.”Under the Bridge” – Red Hot Chili Peppers

3.”God’s Plan” – Drejk

https://www.youtube.com/watch?v=t2eu7mZHZzA

4.”Africa” – Toto

5.”Location” – Kalid

Покрај темпото и енергијата, која песната го пренесува на возачот влијание има и силината на звукот. Погласна музика влијае на бројот на отчукувањата на срцето, но и при брзина на реакцијата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK