VW Passat би можел да се произведува во Чешка

ОБЈАВЕНО НА:

Повеќе германски медиуми повикувајќи се на блиски извори од Volkswagen најавуваат дека од следната година моделот Passat би можел да се произведува во Чешка.

Причината за ова е од стратешки карактер се со цел во постечките фабрики во Германија да се ослободи капацитет за производство на најавените електрични возила.

Според пишувањата, од фабриката во Ембден (Германија) каде во моментов се произведува моделот Passat заедно со Arteon, производството на овој седан ќе се префрли во фабриката на Skoda во Квасни. Тоа значи дека од следната година во оваа фабрика ќе заедно ќе се произведуваат Skoda Superb и VW Passat, додека сите електрични модели од VW Групацијата ќе се прозиведуваат во Германија.

Поради очекуваното зголемување на побарувачката, но и со цел имплементација на стратешкиот план во поглед на електричните автомобили, VW во наредниот период значително треба да се работи на реструктуирање на производствените капацитети и изградба на нови.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK