Она кога ќе ги следите GPS инструкциите, а ќе завршите во шума

ОБЈАВЕНО НА:

GPS навигацијата несомнено е доста корисна технологија. Бенефитите дефинитивно се неоспорни, но оваа навигација често може да ве измами.

Тоа на својата кожа најдобро го осетил 52 годишен камионџија од Турција. Овој возач, возејќи низ Австрија, а при тоа следејќи ги GPS насоките, наместо во Салзбург, Инсбург, Линц, Грац или Виена завршил сред Националниот парк Калкалпен.

Иако GPS навигацијата згрешила, сепак овој возач не се откажал и откако започнал да вози по земјен, планинско-ридски терен. Така, откако го напуштил асфалтираниот пат, тој продолжил да вози по земјен пат во рамките на националниот парк. Тесниот парк не предизвикал сомнеж кај него па така и понатаму продолжил да вози.

Сепак, патешествието на дезориентираниот возач го прекинал чувар во паркот кој веднаш му сигнализирал да застане по што била повикана локалната полиција.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK