Кој е најдобриот начин за повторно создавање на тишината? Една анехогена просторија (буквално просторија без ехо). Техничкиот центар на Seat во Марторел има таква, која е специјално проектирана за да произведува шум на автомобилот со висока точност и без никакви шумови.
За што се работи тука? Автомобилите издаваат бескрајна серија од шумови. Сите овие шумови се анализираат со акустична камера. Инженерите и техничките специјалисти насочуваат специјално внимание на „гласот на автомобилот“ кој доаѓа од моторот и од издувниот систем.
Дизајнот на анехогената просторија се заснова на системот наречен „кутија во кутија“ во кој се сложени неколку слоја на бетон и челик за да се изолира мешањето од надворешниот свет. Ентериерот е покриен со панел, кој апсорбира 95 проценти од звучните бранови, со што се намалува ехото и реакцијата. Таму е толку тихо што ќе можете да слушнете какови тече крвта низ вените или како воздухот циркулира низ белите дробови.
Голем дел од звуците, кои автомобилот ги произведуа, сепак, пренесуваат и информација, како на пример типично клик на трепкачите, кои можат да се користат за да се знае дека работат без да трепкаат сијаличките. Шумот од моторите и одработените гасови не само што покажува кога автомобилот се изместува или колку брзо се забрзува, туку исто така дава информација за карактерот на моделот.
Во анехогената просторија експертите прават звучни записи со високо чувствителни микрофони. Ова вклучува на пример бинаурален микрофон, кој е опремен со микрофони на нивото на увото над торзото, за да се прават репрезентативни снимки за тоа што го слушаат патниците. Тој е поставен на различни позиции за да се гарантира дека секој анализиран звук од секој агол звучи така како што треба да звучи.

Експертите имитираат и различни услови на околината, како на пример различни температури. Тој како на бришачот на предната шофершајбна звучи поразлично, кога е топло отколку при температури под мраз, точно како моторот кој звучи различно малку после стартување отколку после определено време на работа, а тркалата издаваат различни шумови во зависност од површината на патот.
Инженерите и техничарите од одделот за акустика на Seat располгаат со различни инструменти за анализа од кои избираат. Основната опрема вклучува мерење на дистрибуцијата на волуменот и спектрална фреквенција, а како дополнување има и други потехнички параметри, како психоакустика или субјективна перцепција на бучавата. Едно од најважните мерења во психоакустиката е артикулацијата, која ја мери способноста на две лица да водат разговор во конкретна автомобилска околина.








