Вака би можело да изгледа BMW Z4 M Coupe

ОБЈАВЕНО НА:

Откако пред нешто повеќе од два месеци, BMW ја претстави новата генерација на родстер моделот Z4, германскиот магазин AutoBild објави видео од можниот изглед на M Coupe изведбата.

Најчитаниот германски магазин има значителна стапка на “погодување” на изгледот на новите модели, па сега за предизвик си го постави M Coupe изведбата. Долгото меѓуоскино растојание, долга хауба и кратка заден дел како и кај основниот Z4 модел така и кај оваа моделска изведба се главните карактеристики на екстериерот кој не се разликува од основната моделска изведба.

Добро вградените четири издувни отвори на задниот дел и т.н. “нос на ајкула” и препознатливите “бубрези” на предниот дел и кај овој модел не изостануваат.

Во моментов германскиот производител не објавува ништо официјално поврзано со овој модел, но сигурно е дека покрај идентичниот екстериер, овој модел ќе има идентичен ентериер, а во понудата ќе се наоѓаат истите мотори како и основната моделска верзија.

Овој модел се очекува во концепт верзија да биде премиерно претставен во втората половина на следната година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK