недела, 25 декември, 2025 година

“Сакаме субвенции за купување автомобили, во спротивно…”

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Коронавирусот несомнено предизвика големи негативни ефекти врз целокупната економија погодувајќи ги во голема мера најголем дел од индустриските гранки. Производството на автомобили, а со тоа и автомобилските компании се едни од најпогодените.

Поради рестриктивните мерки, фабриките за производство во Европа се уште не работат, а продажбата на нови автомобили во одредени европски земји забележа пад и до 95%.

- Advertisement -

Тоа е причината зошто сите производители на автомобили побараа помош од своите матични држави како и државите во кои го спроведуваат своето прозиводство. Прв и најгласен е германскиот производител Volkswagen кој од администрацијата на Ангела Меркел побара итна помош за оваа индустрија.

За германските медиуми, главниот оперативен директор на VW, Ралф Брандшетер побара да се воведат субвенции за купување на нови автомобили, како што тоа се направи пред 10 години.
“Мерката добро делуваше” изјави Ралф коментирајќи дека германската влада треба да доделува субвенција од минимум 2.500 евра за купување на нов автомобил, без разлика на тоа дали е со внатрешно согорување, хибриден или целсно електричен.

Дали Меркел ќе го прифати ова барање ќе биде јасно во наредните две недели кога и официјално треба да биде претставен новиот план за помош на германската индстрија.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја