Дали знаевте дека постои автомобил под името Playboy?

ОБЈАВЕНО НА:

Аукциската куќа RM Sotheby’s од САД продава еден интересен ретро автомобил кој се нарекува Playboy A48. Ова возило е произведено во далечната 1948 година и е истоименик на познатото машко списание, а возилото нема ништо заедничко со ова издание.

Автомобилската компанија Playboy е активна од 1947 до 1951 година, а за тоа време произведе еден и единствен модел, компактниот кабриoлет со должина од 3,9 метри. Автомобилот Playboy е снабден со дволитарски бензинов мотор со можност од 40 коњски сили.

Четирицилиндричниот агрегат работи заедно со тристепен менувач и го забрзува автомобилот до 120 км/ч. Средната потрошувачка на гориво е 6,7 километри на 100 километри. Иако Playboy Convertible А48 беше евтин и економичен, од него се продадени едвај стотина примероци.

Поради оваа причина денес ваквите возила се многу ценети од страна на колекционерите. Од RM Sotheby’s уште немаат објавено цена за возилото.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK