Париз 2018: Seat го претстави Tarraco

ОБЈАВЕНО НА:

Иако пред околу две недели шпанскиот производител SEAT го претстави моделот Tarraco, во рамките на саемот за автомобили во Париз ја имаше саемската премиера.

Убедливо најпривлечен на штандот на SEAT, овој најголем SUV во понудата на SEAT е целосно изграден врз MQB платформата истата онаа платформа која се користи кај Seat Arona, Seat Ateca, Skoda Karoq, Skoda Kodiaq, Audi Q2 како и бројни други модели од Volkswagen Групацијата.

Како што и од претходно беше познато, екстериерот е комбинација на Seat Ateca и Skoda Kodiaq, со споени задни светла и за разлика од овие два модели, со нови предни LED светла.

Пространоста и комфорноста се појдовна точка при дизајнирањето на овој модел. За ова говори и должината од 4.73 cm, меѓуоскиното растојание од 279 cm како и капацитетот на багажниот простор кој изнесува 760 литри. Земајќи ги токму во предвид димензиите, Tarraco се позиционира над Arona и Ateca во понудата на шпанскиот производител. При тоа овој модел ќе биде достапен со пет и седум седишта што го прави идеален за семејни долги патувања.

Во однос на есктериерот тој претставува комбинација на Seat Ateca, Skoda Kodiaq и неколку други добро познати дизејнерски елементи карактеристични за другите модели на шпанскиот производител. На предниот дел има малку поразлични фарови од другите модели на Seat, а драстично се истакнати и магленките. Позади имаме споени штоп светла кои за прв пат во рамките на VW Групацијата беа воведени кај моделите на Audi.

Seat Tarraco

Во однос на внатрешноста истата е со дизајнерски црти и елементи позајмени од другите модели на Seat и VW Групацијата. Во централниот дел доминира 10.25 инчната иструментална табла, а тука е и 8 инчниот мултимедијален систем кој нуди бројни можности како што се интегрирање со Apple уреди со помош на Apple CarPlay како и интегрирање со андроид уреди преку апликациајта Android Auto.

Seat Tarraco

Tarraco доаѓа во продажба на почетокот на следната година, а во понудата најпрво ќе биде достапен со 2.0 литарски бензински мотор со 190 КС и 400 Nm како и со послеб 1.5 литарски бензински мотор со 150 КС. При тоа овие два мотори се достапни со автоматски DSG менувач. Исто така во понудата ќе биде достапен со погон на две и четири точки.

 

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK