вторник, 25 декември, 2025 година

Red Dot награди за Mazda CX-30 и MX-30

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Новите Mazda CX-30 и MX-30 се закитија во наградите „Red Dot: Product Design 2020“. Моделот CX-30 компактниот SUV на Mazda и првиот целосен електричен автомобил на јапонската компанија се приклучуваат на растечкиот список на наградуваните модели на Mazda дизајнирани под филозофијата Kodo: Soul of Motion.

Новиот Mazda CX-30 е втор производствен модел создаден со најновата еволуција на филозофијата за дизајн на Kodo – вештиот дизајн, вкоренет во традиционалната јапонска естетика. Почитувањето на секој елемент според принципот „помалку е повеќе“ резултираше во чисти, убави површини на CX-30 и донесе целосно оригинален изглед на компактниот кросовер SUV сегмент.

- Advertisement -

Високиот квалитет на Mazda CX-30, внатрешноста насочена кон човекот ја комбинира ергономска извонредност со најсовремена технологија. Најновите достигнувања во архитектурата Skyactiv-Vehicle на Mazda ја искористуваат вродената способност на луѓето за поприродна и интуитивна контрола на возилото. И погонскиот склоп има Skyactiv-X – револуционерниот бензински мотор на Mazda кој обезбедува ефикасност на дизел.

Иако ги задржува убавите, рачно изработени облици на дизајнот на Кодо, стајлингот на Mazda MX-30 претставува истражување на помодерна естетика која се фокусира на футуристичките вредности и стилови на живот кои почнуваат да се појавуваат.

Ова се осма и деветта награда Red Dot, што ги освојуваат моделите на Mazada со Kodo филозофијата до денес, по новите Mazda 3 во 2019 година, MX-5 RF во 2017 година, MX-5 со мек покрив, CX-3 и Mazda 2 (сите во 2015 година) , претходната генерација на Mazda 3 (2014) и Mazda 6 (2013).

Инициран во 1955 година, Red Dot е едно од најголемите светски натпревари за дизајн. Победниците за дизајн на производи, избрани годинава во 48 категории, вклучувајќи автомобили и мотоцикли, се здобија со правото на користење на симболот Red Dot, меѓународен печат на совршеност.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја