Calsonic ќе биде новиот сопственик на Magneti Marelli?

ОБЈАВЕНО НА:

Веќе подолго време Fiat Chrysler Automobiles обидува да ја продаде компанијата за производство на компоненти за автомобилската индустрија Magneti Marelli којa покрај FCA со компоненти снабдува и неколку германски и јапонски производители на автомобили.

Како што пренесува Ројтерс, Calsonic Kansei со заем од јапонските банки на FCA и понудиле 5,9 милијарди американски долари за целосен откуп на оваа компанија. Овој јапонски производител на делови за авто индустријата е во сопственост на KKR од САД, кој во 2016 ја откупија компанијата од страна на Nissan.

Calsonic Kansei минатата недела доставиле финална понуда до FCA која е помала од бараната од 7 милијарди американски долари. Сепак малата разлика се чини дека ќе биде брзо надмината и конечно FCA ќе ја продаде оваа компанија за која интерес во минатото покажуваа Samsung, Bain Capital, Apollo Global Management и други мултинационални компании.

FCA се реши за продажбата на оваа профитабилна компанија пред се со цел да обезбеди прилив на средства со кои ќе се финансира имплементацијата на новата развојна стратегија, но и со цел да се фокусира исклучиво на производството на автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK