среда, 25 декември, 2025 година

Новата BMW Серија 7 ќе вози и на струја

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Во позадина на претстојното ударно воведување во понудата на целосно електричните автомобили од компанијата BMW потврдија дека следната генерација на нивната перјаница, Серија 7 ќе добије целосно електрична верзија.

Првпат во историјата на BMW 7 Series, луксузниот автомобил ќе се нуди со избор меѓу четири основни варијанти на погон: бензин, дизел, plug-in хибрид и целосно електрична (BEV) верзија, која ќе биде опремена со петта генерација на електричниот погонски систем на Баварците.

- Advertisement -

Од BMW велат дека до крајот на 2021 година компанијата ќе располага со повеќе од 1.000.000 целосно електрични и хибридни возила по светските патишта. Во тоа време фирмата ќе располага со пет целосно електрични модели.

Кон веќе актуелното i3, за кое им непрекинато зголемување на интересот во последните шест години е и целосно електричното MINI Cooper SE, чие производство почна во Велика Британија кон крајот на минатата година. Во текот на оваа година BMW ќе стартува со склопувањето на електромобилот iX3 во Кина. Во текот на следната година, Германија ќе почне со производство на iNEXT и на i4.

До 2023 година, BMW Group очекува да располага со 25 електрифицирани модели, а повеќе од пола од нив ќе бидат со целосно електричен погон.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја