Toyota измисли нов метод за фарбање автомобили (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Еден од недостатоците на автоматското фарбање, користено во производството на автомобили има значителната загуба на материјалот, а истите понекогаш достигнуваат меѓу 30 и 40%. Тоа се должи на методот на нанесување со воздушна струја под притисок – инерцијата, прицврстување на честичките боја, ја зголемува адхезионата способност и тие се расплинуваат.

Во Tоyоtа тврдат дека откриле решение за проблемот. Јапонците веќе користат нова способност за нанесување на боја електростатично, а не со воздушно распрскување на материјалот.

- Advertisement -

Место млазници на уредите за бојадисување има ротирачки распрскувачи, кои бојата не ја нанесуваат со притисок, туку со центрифугалните сили. На тој начин честичките ќе бидат рамномерно распоредени. Млазниците е движат на растојание од 10 сантиметри од фарбаната површина и бојата се распределува под влијание на електрично поле.

Резултатот е облога со многу повисок квалитет отколку при нанесување под воздушен притисок, загуби на материјал во рамки на 5% и многу покомпактно и ефективно фарбање. Новиот метод веќе се користи во две фабрики на Tоyоtа, a речиси сигурно ќе биде воведен и во другите фабрики на јапонскиот производител.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја