Новиот Mercedes-Benz GLE – повеќе опрема, повеќе технологија и подобар изглед

ОБЈАВЕНО НА:

Уште еден новитет овој септември. Како увертира на саемската премиера закажана за на саемот во Париз, германскиот производител Mercedes ја претстави четвртата генерација на моделот GLE.

Екстериерните разлики се воочливи на прв поглед, а од Mercedes наведуваат дека дизајнот на овој SUV е базиран на хармонична интеракција помеѓу емоциите и интелегенцијата и се карактеризира со безвременска убавина, комбинација од високо квалитетна технологија и изработка. На предниот дел се вградени попривлечни фарови како и редизајнирана решетка. Далеку попривлечен е и задниот дел кој сега го красат нови LED светла како и браник во кои одлично се вклопува издувниот систем.

Забележителна е посветеноста на Mercedes за обезбедување на поголема просторност во внатрешноста. Во таа насока зголемено е меѓуоскиното растојание за 80 мм со што е зголемен просторот на задната клупа за 69 мм, а поголем простор се добива и во висината за околу 33 мм. Зголемен и капацитетот на багажникот кој сега изнесува 825 литри, а со спуштена задна клупа се добива неверојатни 2.055 литри.

Како и новата А класа така и GLE ја користи последната генерација на MBUX (Mercedes-Benz User Experience), инфотејмент систем составен од два големи 12.3 инчни екрани. Останатиот ентериер е изработен од висококвалитетни материјали, а најголем дел од т

Модерната внатрешност е проследена со најнапредната технологија која ја зголемува безбедноста на возачот на највисоко можно ниво. Тука би го навеле Active Distance Assist Distronic, Acitve Stop and Go Assist, Acite Steering Assist, Active Distance Assist, Acite Brake Assist како и Active Blind Sport Assist. Овие системи кои произлегуваат од технолошкиот центар на Mercedes придонесуваат за безбедно возење во било кои услови на патиштата.

Во однос на моторите, Mercedes Benz GLE најпрво ќе се продава исклучиво со шест цилиндричен 3.0 литарски мотор, а ќе биде понуден и во дизелска и хибридно-електрична изведба. Електричната изведба ќе располага исто така со 3.0 литарски мотор со дополнителни 48 волти, а оваа комбинација ќе продуцираат 367 КС. Блгаодарение на EQ функцијата, моќноста може да се зголеми за 22 КС.

Сите изведби на овој модел доаѓаат со 9G-TRONIC автоматскиот менувач.

Во продажба, четвратата генерација од овој модел ќе се појави на почетокот на следната година и тоа во САД и Европа додека во Кина се очекува да започне следното лето. Во однос на производството, истото засега ќе се одвива само во фабриката на германскиот производител во Алабама, САД, а во зависност од побарувачката истото е можно да се прошири и во Индија и Индонезија.

Саемската премиера овој модел ќе ја има на претстојниот саем за автомобили во Париз кој започнува на почетокот на следниот месец.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK